ВМРО-ДПМНЕ: Терасата е направена согласно законот

од desk3
Жерновски не ја зборува вистината кога вели дека изградбата на терасата е направена на илегален начин“ изјави Елена Петковска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар. Според неа, изградбата на тој објект но и на терасата на штабот е направена согласно со законот.

Петковска оценува дека градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, не направил ништо добро за општината, поради што на изборите во октомври ќе биде казнет од гласачите, како што рече.

Оваа реакција доаѓа откако Жерновски вчера одново рече дека ќе ја урива терасата на новото, луксузно, партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Тој објасни дека претходно бил спречен да го стори тоа, иако неколку пати спомна дека е нелегално подигната:

Од Министерството за Транспорт и Врски се уште нема информација кога ќе се разгледува овој случај.  Штабот на сега најголемата опозициска партија во Македонија беше предмет на критики и политички расправии и за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Од пред извесно време е предмет на истрага и на Специјалното јавно обвинителство. Според податоците од Центарот за Истражувачко Новинарство  “SCOOP”, изградбата на објектот чини до 60 милиони евра, од кои голем дел како што тврди партијата – донација од градежна компанија.

Слични содржини