Претседателот на Русија Владимир Путин  од 12 часот, го  одржува традиционалното годишно дружење со руските граѓани во рамките на “директна линија”. Традиционалните телевизиски “директни линии” се појавија уште во времето на првиот претседателски мандат на Путин. Првиот разговор со граѓаните се одржа на 24 декември 2001 година.

20150416.dscozngmiw

Рекордна по времетраење беше  “линијата” во 2013 година. Таа продолжи 4 часа и 47 минути. Во 2004 и 2012 година манифестацијата не се одржуваше. Последното се одржа на 17 април 2014 година. За 3 часа и 55 минути Путин успеа да одговори на 81 прашање, 35 од нив за  Крим и Украина. Конкретно, претседателот раскажа за тоа што се се случува во источна Украина и како е присоединет Крим. Најмногу Русите се возбудени  од прашањата на социјално економската сфера, комуналните услуги, меѓународната околина, вклучувајќи и ситуацијата во Украина.

Според зборовите на прес секретарот на претседателот Дмитриј Песков, постапуваат многу обраќања поврзани со прашањата на супституција на увозот. Тој истакна дека на оваа тема претежно   прашања поставуваат претставниците на малите и средните претпријатија, земјоделците.  Прашањата кон рускиот претседател почнаа да се примаат  на 9 април. До среда нивниот број стана 1,7 милиони.

Популарни прашања 

Прес секретарот на претседателот Дмитриј Песков, изјави дека Русите традиционално најмногу се заинтересирани за прашањата на социјалната сигурност и заштита (23%). Според зборовите на Песков, граѓаните, особено, се заинтересирани за прашањата поврзани со платите, растот на цените, курсот на валутата, пензиите, пензиските реформи.

На второ место се прашањата кои влијаат на  живеалиштето и комунални  услуги (16%). Од руските граѓани постапуваат и жалби за лоши патишта, лоша услуга,  за работата на компаниите. Исто така, забележува Песков, граѓаните се жалат и од недоволната внимание од страна на локалните раководители, квалитетот на работата и односот на службениците.  Руските граѓани исто ги возбуди прашањата на внатрешната и надворешната политика (околу 5%). Песков истакна дека тука се и термините поврзани со конфронтирачката манифестации на адреса на Русија, санкциите и антисанкционната политика на Русија, новата ситуација во меѓународните односи, односите со земјите од ЗНД и иднината на царинската унија, исто така и со ситуацијата во Украина.  . За една недела пред “директната линија” широко дискусија доби написот на списанието “Форбс”, во која се вели дека во текот на своето дружење со бирото на Рускиот сојуз на промишлениците и претприемачите Путин рекол дека Порошенко и  понудил на Русија да го  “земе Донбас “. Песков одби да ја коментира оваа информација со образложение дека манифестацијата  имала затворен карактер.

Општо земено, според Песков, Русите очекуваат од претседателот на сурова и конзистентен курс кон одбрана на нациоаналните интереси на Русија.

Сериозна подготовка 

Песков раскажа дека шефот на државата сериозно се подготвува за “директната линија”, особено, работи на низа од прашања, со специфична информации комуницира во онлајн режим со раководствата на министерства, заводите, за да се освежат  достапните податоци. “Во процесот на подготовката тоа дава прекрасна можност на државниот глава да го почувствува пулсот на земјата, и сè се гледа со голо око.  Претходно прес секретарот на рускиот претседател изјави дека претседателот не знае однапред какви прашања ќе бидат сослушани. Путин обично  смета дна сите  најпопуларни прашања  , ги  сака сите потребни информации од министерствата, како резултат на што вработените во министерствата “работат како во рудник”. Распоредот на Путин исто така се менува за време на подготовките, се намалува бројот на средбите. По завршувањето на “директната линија” Путин составува листа со теми .  Да поставуваат прашање на претседателот ќе можат и гости во студиото  со кои Путин ќе разговара во текот на директните пвклучувања  од градовите на Русија, како и оние кои ќе се јават по телефон во етерот, кои испратиле  СМС пораки или пишувале на специјално создадена интернет страница. Во студиото во кое ќе се одржи “директната линија”, се поканети познати јавни и политички дејци.  Минатата година за прв пат на “директната линија” се приклучија и жителите на Крим, имаше директно вклучување од Берлин. Оваа година, како и минатата, прашања ќе можат да поставуваат и жителите на источна Украина. Според зборовите на Песков оваа година вклучувања од странство нема да има.

Слични содржини