По Гзим Острени од старите и влијателни кадри , сега и „учителот“ еден од основачите му се спротистави на Ахмети и бара  итна седница на ДУИ . Прпофитерското  крилото кое го води Ахмети засега глуво, и на игнор ги ставаат ваквите истапи од пoлитката но строгата „тендер политика“ на ДУИ

A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign

Многу е веројтано Ахмети и ова да го турне под партискиот тепих, исто како и многуте судири од градоначалници, други локалци и пратеници,  каде во целиот пакет  се крие и големиот  пад и потонатите рејтинзи на партијата

Засега нема закажано никаква седница на централното претседателство на ДУИ, откако пратеникот и член на тоа претседателство Рафис Алити побара седница на која би се расправало за одговорноста на лидерот на партијата Али Ахмети и на пратеникот и посредник во разговорите за Пржино Артан Груби.

Пратеникот на ДУИ Рафис Алити повторно  обелоденува нешто познато и на испит го става единството во раководството на партијата. По вчерашното гласање за измените во Изборниот законик и претходното барање за промена на дневниот ред на собраниската седница, Алити бара одговорност од претседателот на партијата Али Ахмети и од преговарачот Артан Груби.Според Рафис Алити, не е јасно како изутрината  пратеничката група на ДУИ најпрво била против изгласување на измените во Изборниот законик, а потоа, неколку минути по полноќ, пратениците без проблем кренале раце и гласале за измените.

Само  РАфи  Алити гласаше  против .

„Груби на своја рака ја потпишал согласноста за измените во законот, без да ги информира пратеничката група и партиските тела за тоа. Барам во најскоро време да се состане централното претседателство на партијата и на тој состанок ќе барам објаснување за оваа постапка“, вели Алити.

Во ДУИ молк. Ахмети се труди да дефинира дека  барањето на Алити засега никој не треба да зема за сериозно, демек тој  сега како лидер бркал високи  политики со „странците“  и со колиционерот Груевски, и ова било маргинална  тековна работа.

Сепак ,очигледно е дека освен политичките преговори,  за ДУИ  посуштински се расколите внатре и побарувањата за исплнувања на ветените работи од Ахмети до сите оние кои ја направија моќта на ДУИ. Тука не се иззема ниту Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Тука во наредниот период  Ахмети и сега неговиот пулен Груби , кој велат веќе се гледал како иден лидер, ќе биде соочен со сериозни предизвици за раскрстување  и раздолжувања со милитантното крило во партијата, со внатрешното незадоволство на ветераните, со крилото од Косово што очекува некаква природна лојалност помеѓу поранешните борци за каузата, со ВМРО ДПМНЕ и тендер политиката на неговите  челници..

Од партиските опоненти  прогнозираат  дека ДУИ ќе си го добие истото што со го направи  ДПА и Мендух Тачи , кој освен пари бизниси и профит за мала врхушка ништо подалеку не  бара и гледа од политиката скриена зад насловот „Борба за обеспавените Албанци и нивните права“ .Истите кујни прогнозираат дека на крајот може и заедно да си се спојат Али и Тачи , логична колиција пред избоирте кои колку и да ги блокираат со Груевски ќе си дојдат, бидејќи  Али и Мендух и заедно и двете партии се далеку од новата политичка структура која гази межу Албанците и  има и став и „Беса“ , барем засега.

Слични содржини