Втор ден протести во Србија против изборот на Вучиќ (ЖИВО)

од Vladimir Zorba

 Не запираат протестите во Белград против  Александар Вучиќ и неговата победа на претседателските избори.

Нешто после 18 часот започна вториот по ред протест во Белград на граѓаните од Србија кои што се незадоволни од резултатите од претседателските избори како и од политичката ситуација во земјата.

Голем број на претежно млади граѓани, опремени со труби, свирчиња, тапани и транспаренти ги блокира улиците во центарот на Белград. И денес како и на вчерашниот протест, на кој што учестуваа неколку илјади луѓе, нема партиски обележја.

 

 

Слични содржини