Америка дебатира како да одговори на терористичките напади во Париз. За жал, како на сегашната политика на претседателот Обама, така и на други неодамнешните предлози им недостасува стратешка визија за Блискиот Исток откако “Исламска држава” ќе биде разбиена. Нема одговори, или пак има само застарени такви, на главното прашање: Што ќе се случува после “Исламска држава”?

955f18a3f0f225d23a064987f78db898

Пред сегашните неефикасни напори на Обама да прераснат во една моќна воена кампања за уништувањето на “Исламска држава”, треба јасна идеја, споделена со НАТО сојузниците и со други, за она што ќе дојде на нивно место. Исклучително важно е тоа прашање да биде решено пред да се дискутираат какви и да се оперативни планови. Стратегијата не се гради одоздола нагоре. Напротив, тактиката се црта, откако сме ги определиле крајните цели.

Денешната реалност е дека Ирак и Сирија во видот во кој ги знаеме, веќе не постојат. “Исламска држава” создаде една нова структура на територијата на некогашната Отоманска империја, и ја мобилизира сунитската опозиција против режимот на претседателот Башар Асад и против про- иранската влада во Ирак. После долгогодишни напори се појави и еден де факто независнен Курдистан.

US политичар: Турција ја поддржува “Исламска држава” против Курдите

Ако, во овој контекст, уништувањето на ИД значи обновувањето на власта на Асад во Сирија и на иранските марионети во Ирак, таков исход не е ниту остварлив, ниту посакуван.

Наместо да се мачи да ја воскресне гео-картата од времето по Првата светска војна, Вашингтон треба да ги признае новите геополитички реалности. Најдобра алтернатива на “Исламска држава” во североисточна Сирија и западен Ирак е една нова независна сунитска држава.

Овој “сунити-логор” има економски потенцијал како производител на нафта (се разбира, по преговорите со Курдите) и може да биде заштитно вратило како против Асад, така и против сојузот Иран-Багдад. Владетелите на арапските земји од Заливот, кои досега би требало да го разберат ризикот за сопствената безбедност од спонзорирање на исламскиот екстремизам, можат да обезбедат значително финансирање. А Турција – да не заборавиме сеуште сојузник на НАТО – би се радувала на поголема стабилност на јужната граница, што во најмала рака би го направило постоењето на новата држава подносливо.

Функционалната независност на Курдистан уште повеќе го стимулира овој пристап. Курдите конечно станаа голема сила и Багдад и Дамаск мора да се усогласат со нив. Тие не можат да бидат принудувани да ги предадат контролирани сега од нив територии на Асад во Сирија или на ирачките шиитски милиции.

Курдите се уште се соочуваат со огромни предизвици и опасно несигурни граници, особено со Турција. Но еден независен Курдистан со меѓународно признание може да биде од корист за Америка.

Ајде да бидеме свесни, Владата на оваа нова сунитска држава уште долги години ќе е далеку од демократија од тип “Џеферсон”. Но, тоа е регион во кој има малку алтернативи на воени или полуавторитарни влади. Безбедноста и стабилноста се доволно амбициозни цели.

Како што направивме во Ирак во 2006 година со т.н.. “будење на Анбар” – операцијата против бунтовниците, која ја турнам Ал Каеда од нејзината тврдина во оваа (западна) ирачка провинција, – ние и нашите сојузници треба да овластиме авторитетен сунитски лидери, вклучувајќи племенски власти, кои ќе ги држат на нивните постоечки социјални структури. Несомнено, тука се имаат предвид и поранешни ирачки и сириски функционери од партијата Баас, како и некои лидери од умерената сириска опозиција. Сите тие се претпочитани над исламските екстремисти.

Арапските монархии, како Саудиска Арабија, треба не само да ја спонзорираат оваа држава во раната нејзина фаза, но исто така да се осигура нејзината стабилност и одбрана од радикални сили. Пред извесно време можеше и да објавиме еден јордански “протекторат” во една американска “сфера на влијание”, но засега една нова држава ќе заврши работа.

Овој предлог за сунитска држава нагло се разликува од визијата на руско-иранската оска и нејзините експозитура (“Хезболах”, Асад и поддржана од Техеран влада во Багдад). Нивната цел – е да го обноват ирачкото и сириското управување во претходните нивни граници – фундаментално спротивни на интересите на Америка, на Израел и на пријателските арапски земји. Затоа секакви сондажи за американско-руска коалиција против “Исламска држава” се како непожелни, така и празни приказни.

Она што Москва го сака во Сирија, е да има еден послушен режим (со или без Асад) и да ја задржи својата поморска база во Тартус, како и новата воздухопловната база во Латакија. Техеран сака да ја задржи доминацијата на алавитите, целосна заштита за “Хезболах” во Либан и Сирија.

Што се однесува до Ирак, Русија и Иран сакаат сунитските територии да се вратат под контрола на Багдад, што ќе го зајакне регионалното влијание на Иран. Тие веројатно го сакаат истото и за Курдистан, но немаат сили за влијание таму.

Сунитите денес ја поддржуваат ИД од многу од истите причини поради кои некогаш ја поддржуваа Ал Каеда во Ирак – како заштитно вратило против желбата да бидат управувани од Техеран преку Багдад. Велејќи на овие сунити дека ако востанат против ИД во Сирија и Ирак, за награда ќе бидат вратени во прегратките на Асад или на шиитската власт во Багдад, само ќе ја зајакне нивната поддршка за џихадистите. Зошто тогаш тие треба да минат на другата страна?

Затоа по уништувањето на ИД, Америка треба да ја извршуваат далечната цел за создавање на нова сунитска држава. Иако тешко остварлива во блиска перспектива, со текот на времето таа ќе има поволен ефект врз регионалниот ред и стабилност.

Создавање на сојуз против ИД под покровителство на САД наместо предложената од Москва коалиција ќе бара значителни дипломатски и политички напори. Ќе треба да бидат распоредени американски копнени сили, што ќе создаде чувство на единство и водство. Тоа е потребно за разбивањето на ИД дури и ако целта е едноставно да се опорави статус кво-то од пред војната.

Моделот е “будењето на Анбар”, зголемувањето на американската воена моќ (во Ирак) во 2007 година, како и курдските успеси против ИД. Вооружени, обучени и советувани од САД локални борци ќе се обединат со арапските и американските конвенционални сили.

Воената операција не е најкомплицираниот дел од оваа пост-ИД визија. Тоа ќе бара и трајно американско внимание и ангажирање. Не можеме едноставно да се дистанцираме од таа ситуација, како што направивме во Ирак во 2011 година

Новиот “сунити-логор” може да не е Швајцарија. Тоа не е иницијатива за демократија, туку политика на “студена сила”. Таа одговара на стратешката цел за уништување на “Исламска држава”, која ја делиме со нашите сојузници и која е реалена.

* Џон Болтон е истражувач од Институтот “Американ ентерпрајз” и поранешен американски постојан претставник во ОН, од август 2005 до декември 2006 година

Слични содржини