Заев денеска ќе се сретне со Ердоган и Јилдирим

од desk2

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со турскиот премиер Бинали Јилдирим во рамки на неговата посета на Република Турција.

Двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба, по ќе следува средба и на делегациите од двете земји, а закажана е и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот Заец ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Македонскиот премиер синоќа ја започна официјалната посета на Турција со обраќање пред преставниците на ТОББ, Сојузот на стопански комири и берзи на Турција. Тој истакна дека има можност за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Турција и нагласи дека целта е за неколку години трговската размена со Турција да биде една милијарда евра.

Слични содржини