(ВИДЕО) Заев ја “фрли ракавицата”: Груевски те повикувам на дуел! Да те прашам за тоа што не беше чесно да го објавам со “Вистината за Македонија”

од desk3

СДСМ вечерва одржуваат митинг во Прилеп. Ова е првиот партиски митинг. Во својот говор првиот социјал-демократ Заев го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на тв дуел.

zaev-prilep
“Груевски те повикувам на дуел. Да прифатиш дуел за да те прашам за тоа што не беше чесно да го објавам со “Вистината за Македонија”. Да те прашам, а не да се криеш. 10 години владееш , како не ти е срам да бегаш од дуел. Збворуваш за демократија и транспаретност. Прифати дуел за да можеш да ме прашаш, а ама и јас и народот да те прашаме. Нема да прифати Груевски, ќе продолжи да бега но тоа нема да не спречи. “-изјави Заев.

 

Претседателот на СДСМ најави повисоки плати и поголеми субвенции за тутунот.

„Ќе ги насочиме сите пари кон граѓаните, ќе го вратиме секој денар од ДДВ кон граѓаните. Тие пари значат една детска соба, за радост на вашето дете, еден летен одмор за цело семејство. Институциите ќе работат само за граѓаните. Секој кој градел од граѓаните ќе одговара, ќе одговара пред законот и украдените пари ќе и ги врати на граѓаните. Нашиот план е базиран на реалност ако сакаме Македонија да функционира. Вие знаете колку труд имаме вложено во нашиот план, бидејќи го правевеме заедно. Вие знаете дека не е бајка. Груевски не е ништо освен криминалец. Тој зад себе остави само криминал и корупција. Ги трошат народните пари за да се богатат. Народот е сведок за нивните криминални дела. Срам да им е. Ова злосторство никогаш нема да им го заборавиме. Македонија ќе доживее промени на 11 декември“, рече Заев.

Слични содржини