Заев очекува Грујевски и Бошкоски да бидат екстрадирани во Македонија

од desk2

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува поради политички причини да биде попречена екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија.

Одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Драчево, Заев рече дека Македонија има воспоставена соработка со Грција и очекува да биде спроведено меѓународното право, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Грујевски и неговиот колега Бошкоски, кои се обвинети од СЈО да бидат екстрадирани.

– Не очекувам да се јави политичка причина за да се спроведе меѓународното право. Македонија има склучено вакви договори со Грција. И во минатото, со преходната власт, Македонија немаше проблем во сите други аспекти, освен проблемот со името. Навистина имаме соработка со Грција од секој можен аспект. Министерствата за внатрешни работи и за правда соработуват и верувам ќе покажат соработка на дело, бидејќи тие се надлежни. Искрено не очекувам потреба од каква било политичка интервенција затоа што се работи за две соседни земји кои се пријатели. Опстојува еден горлив политички проблем кој верувам во периодот пред нас ќе го решиме заедно, изјави Заев.

Грујевски и Бошкоски беа упасени од грчката полиција на 18 октомври при обид со лажни бугарски пасоши од аеродромот во Солун да заминат за Будимпешта. Тие се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Слични содржини