115
Заев за кратко време излезе од обвинителството со што се доби впечаток дека не дал исказ. Неофицијално ниту пак му биле презентирани доказите. Со повикот во обвинтиелството се потврдува дека и овој случај ќе се процесуира.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев одново се соочи со јавен обвинител. Овој пат за случајот за кој МВР го товари дека примил поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште. Полицијата го товари дека како градоначалник на Струмица за да изврши пренамена на земјиштето од купувачот побарал награда- 100 илјади евра за себе и 100 илјади за изградба на црква.
Наспроти полициската пријава и Заев поднесе пријава против Иле Николов, истиот бизнисмен, со тврдење дека му нудел поткуп./Фокус