Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе биде во целост објавено в недела, вели дека актуелната власт досега само ја провоцирала Грција со што се отежнаа условите за дијалог. Тој вели дека доколку СДСМ дојде на власт, опозицијата сериозно би се зафатила со решавање на овој спор.

timthumb

Заев во интервјуто не сакаше да открие дел од содржината на прислушуваните разговори кои ги поседува, а се однесуваат на спорот за името. Тој тврди дека доколку СДСМ дојде на власт во иднина, во преговорите нема да отстапува од неколку точки.

„Без идентитетот, без основните белези, пасошот, Уставот, каде што се дефинираме како Македонци, македонски јазик, нашиот посебен дел од културата, нема потреба од преговори, нема зошто да се договараме, не вредиме пред никој“, вели Заев.

Повеќе ТУКА

Слични содржини