Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Штип-Кочани, во близина на селото Облешево, загина велосипедист откако во него удрил автобус.

Автобусот удрил во велосипедистот С.Т. (1959) од селото Мојанци, Кочани. Тој бил пренесен во општата болница во Кочани, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил транспортиран за Скопје, но по пат починал.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од крим-техника и јавен обвинител, а по наредба на обвинителот телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

Слични содржини