Захарив со реакција за кривичната пријава против него

од Vladimir Zorba

 

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денеска остро реагираше откако СВР-Штип на прес-конференција соопшти дека до Основното јавно обвинтелство во Штип доставила за него кривична пријава за злоупотреба на службената положба, при што со пребивање пари направил штета на Општина Штип, а со противимотна правна корист од 1.567.619 денари се стекнала градежната фирма „Актива“, информира Телма.

Според него, „ова е евтина и валкана политичка кампања, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи во корист на неговиот против кандидат од СДСМ“.

– Се работи за компанија „Актива“, која е на булеварот „Гоце Делчев“, оваа компанија со преддоговор платила на Општина Штип 1,5 милиони денари за комуналии. Во меѓувреме таа компанија го направила објектот, но немала одобрение за градење и со законот за легализација, кој подоцна дојде како закон, тие си го легализирале објектот на булеварот „Гоце Делчев“ и си платија за легализацијата, потоа си го дооформија земјиштето и останаа да висат 1,5 милиони денари кои си ги платиле како преддоговор за комуналии, а објектот е веќе легализиран по друг основ. Значи Општина Штип требаше да биде тужена од „Актива“, тие 1,5 милиони денари да ги врати. Значи тоа е ЈП „Штип проект“ и Општината да ги вратиме со камати. Но за среќа „Актива“ почна со изградба на нов погон. Тоа е „Актива Ауто мотив“ во Индустриската зона „Запад“ направи идеален погон со компанијата „Ван хол“ од Белгија и нормално тоа беше шанса да се пребиеме со нив односно бидејќи за објектот кој беше направен 2004 та година, зборуваме за период кога јас не бев градоначалник со законот за легализација тој објект е легализиран и висеа 1,5 милиони денари, вели Захариев.

Тој на новинарите им ја покажа и папката, во која има документи за 40 истраги на МВР за проектите кој ги реализирал, а како што рече тој сите се отфрлени./извор Телма

Слични содржини