Вечерва по четврти пат во Охрид ќе се одржи културно забавната манифестација „Бело Лето“, со која ќе се означи почетокот на овогодинешната летна сезона.

Belo_leto_press20162

Според најавите, во рамките на манифестацијата во 19 часот во предворјето на црквата на „Света Софија“ концерт ќе одржи Владимир Василески Четкар Секстет. Во 21 часот предвиден е настап на перкусионистичка група „KARANOS waterfall drums group“ од Воден, Грција, со дефиле од „Света Софија“ до градскиот плоштад „Климент Охридски“, до плоштадот кај Чинарот и до малиот плоштад кај „Долна Порта“.

Слични содржини