Овие денови се решава иднината на грчката економија и на целата еврозона. За 5 јули е закажано одржувањето на референдум, на кој претстои Грците да одлучат дали да бидат прифатени условите поставени од меѓународните кредитори како услов за понатамошно обезбедување на заеми. Самиот премиер Алексис Ципрас повикува граѓаните од ова да се откажат, што значи натамошно затегнување на ремените, а европските лидери посочуваат дека во суштина на Грците им е предложено да изберат дали да останат во еврозоната или да излезат од неа. До среда 1.00 часот сепак Грција не успеа да изврши отплаќање на својот долг кон ММФ.
Со неотплаќање на ратата од 1.5 милијарди евра Грција стана првата развиена земја, која акумулира задоцнета обврска кон ММФ и веќе нема пристап до финансиските ресурси на институцијата, која од своја страна би се борела со најголем банкрот во историјата. БиБиСи анализира, каков може да биде понатамошниот развој на настаните?

gtcija

Гласање “за”

При гласањето “за” во недела за склучување на договор ќе треба да се надминат сите тешкотии, а за партијата СИРИЗА, која предлага да се гласа “против”, тоа би значело дополнителни политички проблеми. Оваа левичарска партија ја ужива поддршката од коалиционен партнер – националистичката партија “Независни Грци”, како и на екстремно десничарската “Златна зора”. Патем главните опозициски партии како десноцентристичката “Нова демократија” предлагаат да се гласа “за”.

Како што покажаа две неодамнешни анкети на јавното мислење, Грците повеќе сакаат зделка отколку излегување од еврозоната, но овие анкети се одржаа пред објавувањето на референдумот. Проблем е тоа што дури и ако Влада водена од СИРИЗА ја прифати економската програма, прифатлива за еврозоната, ќе поверуваат ли останатите земји дека Грција всушност навистина ќе започне да ја остварува оваа програма? Ако Ципрас, кој повика на гласање “против” го загуби референдумот, неговата репутација ќе биде сериозно нарушена и тој би можел да поднесе оставка.

Гласање “против” и хаотично напуштање на Еврозоната

Ова сценарио ќе се карактеризира со подолг период на неизвесност и криза, чие финале ќе биде заминувањето на Грција од еврозоната и ставање во употреба на националната валута – драхмата. Процесот ќе биде сосема хаотичен. Пред сè ЕЦБ ќе забрани кредитирање на сите или речиси сите грчки банки поради нивната неликвидност. Ова ќе биде проследено од период на ограничено користење на банкарски сметки и пристап до средства, што делумно веќе постои. За грчката економија, која и без тоа доживува криза, тоа ќе биде многу болен удар.

Претстои Владата да донесе одлука за издавање на националната валута, било во електронска форма, било во кеш, што ќе го рестартира банкарскиот систем. Но што ќе се случи со оживување на драхмата? Според општото мислење таа брзо ќе почне да губи вредност. Ова ќе доведе до опасност од инфлација, бидејќи цените на увозот ќе почнат да растат. Се јавува и комплексноста со финансиската страна на договорите: во што ќе се прават пресметките, во драхми или евра? Можно е на Владата да и се наложи итно да го менува законодавството за да се задржи контрола над ситуацијата.bankomat

Гласање “против” и излез од еврозоната при договорени услови

Уште една опција се јавува како излез од моменталнава криза – излегувањето на Грција од еврозоната при договорени услови. Тоа можеби ќе биде помалку хаотично. Но за клиентите на банките е сеедно дали тоа ќе значи конвертирање на нивните заштеди во драхми.
И двете сценарија при гласање “против” остнуваат без одговор на прашањето за членството на Грција во ЕУ. Како напиша уште во 2009 година, еден од адвокатите на ЕЦБ “излез на земја членка од економската монетарна унија без истовремено излез од ЕУ не е можно од гледна точка на законодавството”. Но што ќе се случи ако Грција не сака да ја напушти Унијата? Не е предвидена постапка за исклучување на страна од ЕУ, а и нема ли да побараат и други земји таа да остане во составот на ЕУ, ако веќе подигнале раце од нејзиниот статус како членка на еврозоната?

Секако, може да се промени договорот за членство во ЕУ, но тоа е доста сложен процес со бројни стапици, вклучувајќи ја и потребата од спроведување на референдуми во голем дел од земјите членки. Со други зборови можно е животот да продолжи како досега, без размислување за сомнителната правна основа.

Накратко, ова е листата на најдобрите можни сценарија, иако веројатно се можни и други варијанти. Но каков и да би избрала Грција, тој не ветува брз излез од сегашната криза.

Слични содржини