Денеска се очекува Државната изборна комисија да ги соопшти резултатите од вкрстената анализа на податоците од Избирачкиот список. Засега никој не кажува колку спорни гласачи покажало вкрстувањето на податоците за гласачите од 10 бази што на различни државни институции.

дик 1

Како што соопштуваат до ДИК веднаш потоа откако  ќе бидат усвоеи извештаите и се потпишат  ќе започнат подготовките за спроведување на теренската проверка.

Предмет на ваква проверка ќе бидат и дел од нерегуларностите кои ги пријавиле граѓаните, додека другите ќе се проверуваат преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.

Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на својата веб страна до денес околу 5.000 граѓани пријавиле проблематични случаи во однос на податоците.

Теренските проверки ќе се прават во соработка со Заводот за статистика, но ќе има и партиски претставници. Колку ќе трае теренската анализа засега не се знае, но откако таа ќе заврши ќе треба да се водат управни постапки за гласачите кои ќе се бришат од списокот.

Од недела на полноќ ДИК ја затвори опцијата за пријавување на нерегуларности во Избирачкиот список на веб страницата, со образложение дека било потребно е време за соодветно да се обработат пристигнатите пријави, да се споредат со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.

Избирачкиот список треба да биде подготвен најдоцна до 17 април.

Слични содржини