Завршија започнатите на 16 март воени вежби на вооружените сили на Русија за проверка на нивната борбена готовност. Војниците што учествуваа во воените вежби добија наредба за враќање во своите бази, јави ТАСС, повикувајќи на прес службата на руското министерство за одбрана.

„Во 15 часот по локално време издадена е наредба за завршување на воените вежби за проверка. Воените единици го завршуваат спроведувањето на планираните активности. Органите на воена управа преминуваат кон секојдневен режим на работа“, се наведува во соопштението.

Началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Андреј Картаполов, претходно објави дека вежбите покажале висока подготвеност на Северната флота за гарантирање на безбедноста на арктичките брегови на Русија, како и дека единиците на воените окрузи покажале способност за исполнување на задачите согласно дадената ситуација.

Според Картаполов во ненајавената проверка учествувале над 80.000 војници, околу 12.000 единици разна воена техника, вклучително и 65 борбени бродови, 15 подморници и над 220 воени авиони и хеликоптери.

Слични содржини