Антропологот и професор на факултетот во Мичиген, Џејсон де Леон во новата книга „Земја на отворени гробови: Животот и смртта на мигрантите“, ги отвори најпроблематичните прашања поврзани со мексиканските мигранти кои се обидуваат да преминат во Аризона.

Шокантна е бројката од 5 милиони уапсени од 2000-та до 2013-та година. Во Калифорнија, Тексас и Ново Мексико приведени се над 6,4 милиони мигранти. Илјадници се водат како исчезнати по обидите да ја преминат Сонорската пустина, позната по отровни змии, пајаци и смртоносни пчели.

06landofopengraves.ngsversion.1449093942381.adapt.1190.1

Сонорската Пустина е сушен предел во западниот дел на Северна Америка. Зафаќа површина од 310.000 км² и се протега во југозападна Аризона и југоисточна Калифорнија во САД и во северна Долна Калифорнија и запдниот дел од Сонора во Мексико. Колорадо и пустината Јума, исто така, се делови од пустината Сонора.

 

Де Леон, сведочи за нехуманиот однос на институциите кон мигрантите. Вели дека секојдневно умираат луѓе кои се трудат да ја преминат пустината Сонора но полицијата ги враќа назад. Макотрпниот пат ги истоштува мигрантите и предизвикува смрт. Во градот Ногалес, кој е центар за мигранти, секојдневно умираат луѓе на улица и телата остануваат на земја по неколку часа, вели Џејсон де Леон. За професорот ова претсавувало шок но останатите не реагирале на оваа ситуација затоа што се случува секојдневно.

 

04landofopengraves.ngsversion.1449093029151.adapt.1190.1

Антропологот се труди да ја разобличи и политиката на САД и ја нарекува „машина за убивање“. Вели дека се трудат преку „подобна политика“ да го загорчат животот на оние кои се трудат да преминат во урбаните средини. Според неговото истражување, годишно  се трошат милиони долари за заштита на границите кои можат да се искористат за подобрување на животот и стандардот на мигрантите.

 

 

Слични содржини