Зидан: Баш ми е гајле за мојата иднина

од Vladimir Zorba

Зинедин Зидан не е загрижен за неговата иднина во Реал Мадрид. Францускиот специјалист зборуваше пред медиумите ден пред првиот дуел на европскиот клупски шампион во Лигата на шампионите против француски Пари Сен Жермен.

„Токму сега не мислам за мојата иднина. Мислам само за натпреварот. Единственото нешто што може да го контролираме, е подготовката за самиот дуел. Фокусирани сме за битката утре и ќе видиме што ќе се случи. Секој натпревар и секој тренинг се важни за мене, но мојата иднина не е важна“, изјави Зизу.

„Среќен сум што можам да учествувам на овие дуели. Ние се подготвуваме на ист начин за секој натпревар. Нормално е секогаш да биде напнато овде. Ќе продолжам да уживам. Она што можеме да го направиме е да работиме напорно и со страст. Немам што да докажувам утре, само сакам да го одиграме мечот. Не ми е гајле што велат луѓето за мене“, изјави Зинедин Зидан.

Утре европскиот клупски шампион Реал Мадрид го пречекува еден од фаворитите на турнирот во оваа кампања, Пари Сен Жермен.

Слични содржини