Еден дел од нашата јавност е веќе информирана што тоа точно се случи во Брисел. Можам да кажам дека има квалитетен исчекор, но секако далеку од она што и е потребно на државата. Не се работи само за барањата на опозицијата, Граѓаните за Македонија, коалицијата или целото ова опозициско движење, се за она што навистина е добро за Македонија, коешто ќе донесе до стабилизирање на институциите, до враќање на корективите во општеството, до нормализирање на состојбите, што на крајот ќе кулминира, крајот на април, со слободна волја на граѓаните изразена преку изборите, вели во вечерашната изјава лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Објавувам дека нема да присуствуваме на состанокот во Брисел

Секако нашите барања се јасни, зошто тоа така треба да се постигне и од тој аспект јас очекувам дека евентуално следниот чекор може да донесе до конечно решение. Претпоставуваме дека е тешко и мачно за сите учесници во разговорите и преговорите, но истиот момент кога ќе сфатиме дека не се важни нашите суети, нашите позиции вака вкопани во ровови, во истиот тој момент ќе знаеме дека одлучуваме за иднината на нашата земја. Ако тоа не го почувствуваме тогаш и не би требало да се договориме. Договор да има само колку да има договор, а притоа да има местенки под маса, зад маса, нешто тајно, скришно, порано или покасно ќе излезе на површина.

Сум задоволен заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец, но не можам за жал сеуште да соопштам радосна вест за граѓаните на Македонија. Она коешто престои пред нас се следните чекори и во недела заедно со граѓанските организации, заедно со политичките партии од коалицијата на опозициското движење и со другите партиципиенти ќе одржиме заедно состанок да ги дефинираме сите наредни активности на Граѓаните за Македонија соодветни за периодот во којшто функционираме, а секако во функција на успех за враќање на Македонија во нормала. Tолку месеци издржавме, толку месеци покажавме и храброст и решителност и одважност, но пред `се и трпение и мирољубие и ненасилство и `се, на крајот ни треба уште малку трпение да ја постигнеме конечната цел.

Сум генерално оптимист и позитивен во поглед на тоа, знам дека и пријателите од Европската Унија, а секако и амбасадорот Бејли кој беше вклучен, `се се повеќе информирани за вистинските состојби во Македонија и имаат се повеќе разбирање, така што конечниот исход мора и ќе биде исклучиво во полза на интересот на граѓаните на Република Македонија.

Одговори на новинарски прашања:

 Ке продолжат ли преговорите?

Сеуште нема најавено продолжување на преговорите, иако и комесарот Хан и сите ние оставивме отворени врати за оваа можност. Тоа значи дека вратите се отворени, но нема дефинирано датум, кога, што, во кој формат или слично. Претпоставувам дека поради овие исцрпувачки разговори коишто траеа таму, ни треба преспивање, буквално, за да ги дефинираме следните чекори. Се надевам дека, според мене оваа шанса што постои и заради периодот пред којшто сме исправени, а тоа е летото и заради тоа што повеќе е недозволиво Македонија да биде во оваа мачнотија во којашто се наоѓа, ќе се направи многу брзо конечниот чекор и ќе се најдат исчекори, решенија за постигнување на конечен договор согласно кој ќе почнат преговори со сите детали којашто секоја точка ги опфаќа. Она што морам да го кажам е дека ако се договориме за таа преодна влада без Груевски, толку квалитетени работи се апсолвирани што не се барања на опозицијата, најголем дел се намтенати од оние коишто помагаат, ЕУ, САД  што навистина се силен гарант за нормализација на институциите, на системот, на општеството. Тоа е плус повеќе да бидеме уште повеќе мотивирани да исчекориме кон изнаоѓање решение, меѓусебно, но ако се случува нешто, јас очекувам тоа да биде на почетокот на следната седмица. Се надевам дека тоа на крајот ќе биде финиширано, како што личи на цивилизирани луѓе, на маса, со потпишување договор, којшто ќе биде како што реков, пред `се и над `се, во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Господине Заев, една анализа којашто ја иницираше Ал Џезеира  во една германска институција којашто се бави со проверка на аудио материјали и од таму добивме потврда дека една од снимките којашто беше вештачена е автентична, дека не е ниту сечена, ниту лепена, ниту монтирана дали вие еве ги гледате информациите коишто ги пласира нашиот медиум и Ваш коментар на ова?

Прво, ова што го гледаме како интерес на медиумите, дома, во регионот е за поздравување. Претпоставувам чекорите коишто ги презеде опозицијата, но и со нашата решителност да покажеме дека во 21-виот век, по мирен и ненасилен пат може да се постигне излез од кризата, автократ и режим да падне, а притоа да не мора да има насилство, го заслужија вниманитето на сите релевантни медиуми, секако еден од тие медиуми е Ал Џезеира, којашто благодарение на својата истражувачка политика најверојатно презеде еден ваков чекор, којшто го потврди сето она што ние секако го потврдуваме, а и меѓународната заедница го потврди. И да бидам чесен и на разговорите коишто се случуваат овде во Скопје, во Брисел, во Стразбур, автентичноста на разговорите не е дилема повеќе. Содржната на самите разговори имплицира криминални или незаконски дејствија или неетички активности од страна на власта, но ова како документ официјално добиен од релевантен и кредибилен медиум е сигурно во помош на изнаоѓање решенија за излез од кризата, и е за поздравување. Верувам дека ќе доаѓа помош од сите страни, не за Заев, не за опозицијата, туку за Македонија. И навистина секој си го врши својот дел од она што претставува генералната слика и сите сме едно камче од мозаикот, верувам дека сите тоа го правиме, пред `се и над `се во интерес на граѓаните на Република Македонија. Тоа така и треба да продолжи. Ако се движиме исклучиво во тој правец, кон таа цел, верувам дека сите ние, а и Македонија ќе успее.

 Господине Заев, ова се позитивни оценки, но првата реакција на господинот Груевски синоќа беше остра кон Вас и кон преговорите, веднаш Ве обвини дека не сте дошле да постигнете договор, туку однапред сте креирале да нема договор и да стимулирате земјата да остане во економска криза.

Прво, јас и Груевски си знаеме многу добро што таму се случуваше, деталите не се коментираат од проста причина што негуваме надеж дека ќе се дојде до договор. За да изреагирате така, спонтано, веднаш после разговорите, тоа кажува само по себе многу. Сите меѓу другото кажуваме дека имаше одредени исчекори, така? Допреа и до вас медиумите, какви исчекори отприлика се направени. Дванаесет часа и повеќе разговори не се водат за да нема договор. Тие се водат за да има договор. Но апсолутно, со сите аргументи, со вистината на маса, со она што е интерес на државата, се водат разговорите и преговорите. Јас можам само да се заблагодарам на меѓународните посредници, комесарот Хан и двајцата амбасадори во Македонија, господинот Орав и господинот Бејли, но секако и господинот Ален Лероа, но и целиот кабинет на комесарот Хан, како и другите претседатели на албанските партии. Сите беа со големо трпение насочени кон изнаоѓање решение. Постоеа буквално секакви формати на разговори за време на тие 12 часа и тоа само по себе кажува што навистина се случувало. Најверојатно боли кога чекор по чекор, со разглобување на сите аргументи, се вадат моментумите согласно кои се влечат заклучоци и одлуки, па според тоа и премиерот Груевски така изреагирал. Јас само ќе кажам вака, овие избори СДСМ ги бара од 27-ми април 2014-та година, вечерта во 19:00 часот кога излезе и не ги призна изборите и целиот изборен процес и од тогаш побаравме техничка влада со предвремени парламентрани избори. СДСМ го посакува тоа, но секако тие мора да бидат фер, регуларни, демократски, слободни избори. Тоа Македонија и граѓаните го заслужуваат. Кога граѓаните слободно, растоварени од каков било страв, од какви било закани и уцени, ќе излезат и ќе го дадат својот глас, тоа е тој ден којшто го проектиравме пред сите нас, крајот на април, кадешто лутите противници во политиката ќе си дадат рака, ќе си честитаат кој и да победи. За да го постигнеме тоа, овде нема ниту под маса, ниту зад маса, ниту лажење, ниту мамење. Мора `се да биде многу чисто, за да дојдеме до тоа ракување и честитање, кој и да победи на изборите во април 2016. Јас сум најверојатно првиот предводник на проектот Вистината за Македонија, и да не сакаме, мораме само искрено и чесно да го водиме овој процес, секако зборувајќи онолку колку што е дозволено, за да не ги уништиме шансите, оти веруваме, имаме многу механизми на располагање, но сепак се насочивме тоа да го направиме на маса, како цивилизирани луѓе. Во 21 век, втора декада, можно е, не велам не, колку и да сме лути противници можно е тоа да се постигне. Еве да останеме позитивни до крај, не би сакал да бидам ист како Груевски, заради тоа што верувам дека и јас и опозицијата се разликуваме од нив, а преку тоа пак да дадеме огромна шанса за успех на нашата земја.

Господине Заев, во една изјава има дека поради еден политичар не бил  постигнат договор. ВМРО ДПМНЕ вели дека тој сте вие.

 Сега логиката е дека тој е Груевски, одговорот што треба да биде од моја страна. Како и да е, ќе се дознае и тоа заради кој политичар не се постигнати согласности, односно договор на она што го разговаравме, тоа е многу малку важно, важно е тоа што според мене имаме добар исчекор. Тој добар исчекор два надеж да потрошиме уште време и енергија да го изнајдеме конечнот решение, се надевам дека тоа, како што е подготвеност од наша страна, ќе биде подготвеност и од другите партиципиенти. Нашите ставови се јасни, нашите ставови се образложливи, лесно ги образлагаме, кажуваме зошто тоа треба да биде така и слично. На крајот на денот не велиме дека ние знаеме `се, затоа седиме на маса, секако подготвени да се изнајде решение коешто е најдобро за државата. А кој тоа бил виновен, претпоставувам, ако ги прашате странците ќе кажат во овој момент беше Заев, во другиот беше Груевски. Тука Али Ахмети наместо да помогне, одмогна или слично. Во секој случај, ние не успеавме вчера да се договориме во Брисел, но секако ако останеме позитивни, ќе го изнајдеме решението. Се надевам дека нема да бидат сите мотивирани, во Граѓаните за Македонија да ги развиваат сите други алтернативни демократски средства коишто ни стојат на располагање, оти тие се помалку посакувани средства од решение кое што можеме да го најдеме на маса.

 

Слични содржини