Зошто Западот е подготвен да соработува со Путин, независно од агресијата против Украина? И како така му простуваат на Путин за она што едно време никогаш не би му простил на СССР? Коментар на DW.

0,,19244037_303,00

Во Европа се почесто се слушаат гласови за подобрување на односите со Русија. Неодамна германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер проговори за потребата од враќање на Русија во групата на Г-8. Премиерот на Саксонија Станислав Тилих се залага за укинување на санкциите против Москва. А раководството на италијанската провинција Венето, во кое доминираат претставници на сепаратистичката “Северна лига”, отиде уште подалеку и фактички ја призна анексијата на Крим. Точно дека оваа регионална резолуција нема да има никакви практични последици, но тоа е уште еден доказ за активирањето на проруските сили во Европа.

Помеѓу европските политичари има мнозина, чии симпатии кон Путинова Русија тешко можат да бидат наречени несебични. Доволно е да се потсетиме на скандалот околу финансискиот заем од руска банка на ултрадесниот француски “Национален фронт”. Постојат сомневања дека Кремљ финансира и други ултрадесни организации – унгарска партија “Јобик”, грчката “Златна зора” и споменатата веќе “Северна лига” во Италија. Од друга страна, не треба да мислиме дека сите поддржувачи на затоплувањето на односите со Русија се наоѓаат во одредена зависност од Кремљ. Мотивацијата на многу од нив е доста посложена.

Contra Magazin: НАТО нема да запре додека не ја проголта цела Европа

Со што Путин е подобар од Милошевиќ?

Традиционално политиката на Западот во однос на авторитарните земји се формира под влијание на два спротивставени пристапи – првиот реалната политика, а вториот се раководи од концептуализацијата на размислувањата. Поддржувачите на првиот пристап сметаат дека најважни се интересите, а не идеалите. Кажано на друг начин: Ако е поволна за земјата , подобро затни го носот, за да не ја чувствуваш лошата миризба од “лошите странски момци”, со кои мора да се соработува.
Во последните години Европа се обидуваше да ги гради односите со Русија, поаѓајќи токму од оваа политичка логика. Токму ова разбирање на ситуацијата ги принудува европските лидери да се однесуваат различно кон Путин, отколку едно време кон Милошевиќ на пример, иако разликата помеѓу нив не е којзнае колку голема.

И двајцата претседатели ги погазија сурово движењата за независност во своите земји, без оглед на жртвите меѓу мирното население – Милошевиќ во Косово, а Путин во Чеченија. И двајцата покажа воена помош на непризнаените републики на странска територија. Притоа руското раководство не само што создаде, туку и ги одржува марионетските Луганската и Доњецката народна републики и заедно со нив води непрогласена војна против Украина. За разлика од Путин, Милошевиќ не анексираше територии во соседните републики.

Угледот на Милошевиќ не беше запечатен и од сомневање дека негови војски собориле патнички авион во воздушниот простор на странска држава, или дека неговите агенти затруле опозиционер со радиоактивен полониум. Независно од тоа, за Западот Милошевиќ е криминалец, а Путин – важен партнер. Такви се двојните стандарди во реалната политика. Та нели Милошевиќ не располагаше со нуклеарно оружје, со големи резерви нафта и природен гас или со финансиските можности за моќна ПР-кампања во Европа.

Притисокот против Меркел ќе расте

Своевремено политиката на Западот во однос на СССР во многу односи се засноваше на идејни принципи. Секоја советска експанзија во годините по Втората светска војна наиде на жесток отпор. А денес Западот му простува на Путин за она што никогаш не би му простил на СССР. Агресијата против Украина предизвика значително слаба реакција на Западот отколку советската инвазија во Авганистан. А некои влијателни западни политичари дури и ја оправдуваат руската интервенција во Сирија и поддршката за режимот на Асад. При тоа, тие признаваат дека Асад е крвав диктатор, одговорен за смртта на илјадници луѓе. Сепак, тие не ја осудуваат поддршката на Путин за сирискиот диктатор, а ја сметаат за “конструктивен руски придонес” во решавање на сириската криза.
Што е ова? Цинизам или недостаток на елементарна логика? Мислам дека “попустливоста” кон Путин се должи на тоа што за разлика од СССР актуелната власт во Кремљ е тесно интегрирана во светските пазари; западниот бизнис има сериозни интереси на руската земја, а руските елити поседуваат огромни средства на Запад. Моќни меѓународни финансиски индустриски групи и корпорации се силно заинтересирани за соработка со Русија. А иднината на санкциите станува проблематична, иако Федерика Могерини зборува за нивно продолжување. Санкциите против Русија се задржуваат главно благодарение на Ангела Меркел, која е највлијателен поддржувач на принципиелната политика во однос на Путинова Русија. Шансите за реализација на договорите од Минск се речиси еднакви на нула, но дури и тоа не ги запира противниците на санкциите. Затоа нивниот притисок врз канцеларката ќе се засилува.

Стоп Путин! Помогнете на Русија!

Раководството на една земја која го игнорира меѓународното право и анектира туѓи територии, не може да биде сигурен партнер. И ако тоа не доби достоен отпор, ќе продолжи да ги прекршува законите и во иднина. Во таква ситуација реалната политика се претвора во политика на помирување пред агресорите. Еден западен експерт неодамна рече дека е неопходно “да го спречиме Путин, за да и помогнеме на Русија и на Европа”. Токму овој идеалистички пристап кон политиката е единствениот кој денес би можел да биде и прагматичен. А дали тој ќе треба – ќе покаже времето.

Слични содржини