Јанчев донираше генератор за збратимениот украински град Буча

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска информира дека донирал генератор за потребите на збратимениот украински град Буча.

-Генераторот во вредност од 80 илјади евра, кој како донација од страна на градоначалникот Митко Јанчев и компанијата Кожувчанка му беше доделен на збратимениот град Буча од Украина, е пристигнат. Ова значи дека граѓаните на Општина Буча веќе од понеделник ќе имаат непрекинато водоснабдување и струја, обелодени Јанчев.

Веднаш по руската инвазија во Украина, Кавадарци одвои 600.000 денари помош за градот Буча, еден од градовите беа најсилно погодени од конфликтот.

Буча стана познат за јавноста по воените злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

Слични содржини