Јапонија ги заостри санкциите против Русија

од Radmila Tasevska

Денес Јапонија одлучи да ги заостри санкциите против Русија и да го забрани извозот на стоки кои би можеле да послужат за зголемување на воениот потенцијал на Москва.

Во исто време, Токио одлучи да ги замрзне средствата на три организации и 22 лица во Русија, пренесува Ројтерс.

Јапонија, во склад со другите нации, ќе воведе забрана за извоз, поттикната од желбата да придонесе во меѓународните мировни напори во Украина, објави Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија.

Слични содржини