Јапонија сака да испушти вода од централата Фукушима во морето, околните земји ЗАГРИЖЕНИ

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонската влада денеска даде проценка дека водата од оштетената нуклеарна централа Фукушима би можела да се испушти во морето „од прилика оваа пролет или лето“, пренесува „Ројтерс“.

Во април 2021 година, владата одобри ослободување на повеќе од милион тони озрачена вода од локацијата по третман со филтрација во океанот, со планови да го стори тоа повторно „за околу две години“ во тоа време.

Јапонското министерство за надворешни работи во јули соопшти дека регулаторите сметаат дека е безбедно да се испушти водата, која ќе се филтрира за да се отстранат повеќето изотопи, иако сепак ќе содржи траги од тритиум, изотоп на водород кој тешко се одвојува од водата.

Овој план наиде на силен отпор од локалните здруженија на рибари поради влијанието што испуштањето на оваа вода може да го има врз нивната егзистенција.

Соседните земји, вклучително и Јужна Кореја и Кина, исто така изразија загриженост, наведува британската агенција.

Во март 2001 година, земјотрес предизвика цунами што предизвика нуклеарна катастрофа во централата Фукушима на околу 220 километри североисточно од Токио.

Во земјотресот и цунамито загинаа повеќе од 18.500 луѓе, а никој официјално не е регистриран како жртва на несреќата во нуклеарната централа Фукушима.

Слични содржини