Јотова: С. Македонија не сака да стави крај на говорот на омраза

од Nikola Popovski

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ја обвини македонската влада дека „не сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско“.

Како што пренесува „Bg on Air“, Јотова истакнала дека „властите во Скопје не сакаат да донесат конкретни одлуки во однос на таканаречените „кривични дела“.

„Прифаќањето на францускиот предлог од страна на Република Северна Македонија беше последниот позитивен чекор во процесот на пристапување на РСМ во ЕУ. Оттогаш сите активности за мене се вратија назад! Заедничката историска комисија не функционира, ниту има промена во учебниците за кои инсистираше бугарската страна, ниту пак за останатите тврдења на Бугарија, кои се напишани црно на бело и на заедничкиот протокол“, рекла Јотова.

Бугарската потпретседателка не очекува бугарското малцинство да влезе во македонскиот Устав.

„Имам чувство дека се прави намерна кампања за да се спречи нашата заедница да се впише во основниот закон на Република Северна Македонија“, рекла Јотова, додавајќи дека ова е експлицитно пишан услов за да се одржи првата меѓувладина конференција и „за Македонија да ги започне вистинските преговори за влез во ЕУ“.

Слични содржини