Ќерката на Мадона се степала со девојка во клуб бидејќи ја навредила нејзината мајка

од Stefanija Kuzmanovska

Лордес Леон, ќерката на Мадона, дала ново интервју за американскиот магазин „The Cut“ во кое раскажала анегдота од ноќен клуб каде удрила девојка која ја навредувала нејзината мајка.

„Јас не сум некој што не ги почитува луѓето или се однесува арогантно, но ако тргнеш да си безобразен со мене, подобро внимавај“, започна Лордес.

Таа призна дека еднаш влегла во физичка пресметка, кога во клуб ѝ пришла девојка и ја нарекла нејзината мајка, поп ѕвездата Мадона, „ку*ва“.

„Бев во клубот и си ја гледав мојата работа, а потоа ми пријде една девојка и почна да ме навредува. Во моментот кога го кажа името на мајка ми и почна да ја навредува, ми пукна филмот. Не поддржувам насилство, но не дозволувам никој така да зборува за мајка ми во мое присуство“, рече Лордес.

Лордес е биолошката и најстарата ќерка на Мадона.

Слични содржини