📷Познат следниот противник на Џејк Пол

од Vladimir Zorba

Боксерот Џејк Пол (8-1) на социјалната мрежа Х објави кој ќе биде следниот противник што ќе се соочи со него во рингот. Американецот им најави на своите фанови дека ќе се соочи со Рајан Бурлан (17-2) на 2 март на Ел Колисео де Порторико во Сан Хуан, Порторико. Нивната борба ќе биде главниот настан на гала вечерта која ќе се емитува на платформата „ДАЗН“.

Во неговиот последен меч, инфлуенсерот го нокаутира Андре Аугуст во декември 2023 година.

Борбената гала во Порторико на 2 март ќе ја почне светската шампионка во перо категорија на три фидерации – Аманда Серано. Таа ќе бара победа пред својата публика против Нина Мајнке.

Слични содржини