📸 Како момче го делеше екранот со Том Круз, а денес е целосно непрепознатлив

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознат во јавноста како преслаткото момче кое редовно се појавуваше во филмовите во 1990-тите, Џонатан Липницки сега е возрасен маж и има 32 години. Од симпатично момченце со очила, тој се претвори во згоден млад човек со добро изградено тело.

Џонатан се прослави кога имаше само шест години, во филмот „Џери Мегваер“ од 1996 година, во кој глумеше со Рене Зелвегер и Том Круз, а три години подоцна ја доби главната улога во филмот „Стјуарт Литл“.

Потсетувајќи се на моментите на филмскиот сет кога имал пет години, Липницки еднаш рекол: „Секоја година спомените се сè помалку и помалку, но беше навистина одлично да се работи со Том и Рене. Беше вистинско задоволство да работам со сите нив и имав среќа што тоа беше мојата прва улога во толку позитивно опкружување. Она што го паметам е колку сите беа топли кон мене“.

Извесен период не сме го виделе на филмските екрани, ниту во јавноста, но тој е активен на социјалните мрежи, пишува Showbuzz.

На својот Инстаграм профил, каде што го следат речиси 147 илјади луѓе, често споделува нови фотографии на кои не личи на себе од помладите денови, но неговиот изглед сепак го привлекува вниманието на обожавателите.

Покрај актерската кариера, Џонатан се занимава и со боречки вештини и хуманитарна работа, но имал и тежок период во кој се борел со анксиозност и депресија, по големите филмски успеси.

На социјалните мрежи откри и како го малтретирале на училиште, дека доживеал напади на паника, но и покрај ова сака да ги поттикне сите да ги остварат своите соништа.

„Неверојатно е колку луѓето можат да бидат злобни во тинејџерските години. Ви благодариме на сите за поддршката. Ве сакам и се надевам дека ова ќе ви помогне“, напишал тој воевремено на Инстаграм.

Слични содржини