📸 МВР продолжува со техничка поддршка на воздухопловите на МО

од Stefanija Kuzmanovska

Одделот за Воздухопловни единици на МВР во минатиот период, по извршени значителни обуки на персоналот и инвестиции во опрема, стана субјект кој нуди и сервисни услуги и одржување на леталата и за други институции и министерства.

Денеска во хангарот на Хеликоптерската единица на МВР е предаден уште еден хеликоптер на министерството за одбрана кој во наредниот период ќе треба да биде вратен во функција за потребите на министерството за одбрана и граѓаните.

Слични содржини