📸Сјае од среќа: Бела Хадид не крие колку е вљубена во згодниот каубој

од Vladimir Zorba

Манекенката Бела Хадид е фотографирана на Texas Rodeo настан, каде од публиката ги гледала акробациите на нејзиното момче, каубојот Адан Бануелос.

Бела неодамна започна врска со Адан, а пред еден месец сподели заедничка фотографија на својот Инстаграм профил. Убавата бринета присуствуваше на настанот American Performance Horseman, годишно родео кое вклучува и натпреварување и забава и за таа прилика го прифати „вестерн“ изгледот.

Бела носеше црна каубојска шапка со широк обод, светкав црн горен дел со отворен грб и тиркизна и сребрена огрлица инспирирана од „вестерн“ стилот. Нејзината врска со Бануелос, наградуван мексиканско-американски јавач, е релативно нова – двајцата првпат ја објавија својата романса во октомври 2023 година, кога ТМЗ објави фотографии од нив како се бакнуваат во Форт Ворт, Тексас.

Хадид, која и самата е љубител на коњите, на Денот на вљубените сподели фотографија од Бануелос на нејзината приказна на Инстаграм, како јава коњ додека таа стои на вратата до него, а тој беше прикажан и на нејзините фотографии за 27. роденден.

Бануелос е голема ѕвезда во светот на јавањето, во 2017 година беше примен во Куќата на славните јавачи, како еден од најмладите учесници на сите времиња, а во 2020 година го освои NCHA Futurity Open Championship.

Манекенката се врати на манекенството по долга пауза, која ја направи од здравствени причини, а во јануари красеше четири различни насловни страници на магазинот Perfect за пролет/лето 2024 година.

Во август 2023 година, таа напиша во објава на Инстаграм дека конечно е здрава по повеќе од 10 години здравствени проблеми.

„Малата јас што страдав ќе беше толку горда на мене затоа што не се откажав од себе. Благодарам на мајка ми што ми ги чуваше сите медицински досиеја, што беше покрај мене, никогаш не ме остави, ме заштитуваше, ме поддржуваше, но најмногу што веруваше во мене низ сето ова“, ја започна објавата Хадид на Инстаграм.

„Животот не е секогаш онаков каков што изгледа“, а најтешкиот дел од ова патување е да се оценува според тоа како изгледате наместо како се чувствувате“, напиша Бела во објавата.

Слични содржини