📽️Легендарен НБА шампион воодушевен од баклава, занесена водителка бараше да го прегрне

од Nikola Popovski

Во Берлин се игра Фајнл-форот во Евролигата, а вчера ги добивме двајцата финалисти во елитното кошаркарско натпреварување.

Добивме и нов уживател на познатата баклава и тоа ни помалку ни повеќе туку легендата на НБА лигата и поранешен шампион Скоти Пипен.

Пипен, заедно со Јанис Антетокунмпо, се најдоа во Берлин за време на Фајнал-форот во Убер арената каде што гледаа како Реал Мадрид и Панатинаикос ги поразија Олимпијакос и Фенербахче, на патот до финалето.

И иако и самиот призна дека речиси ништо не знае за екипите кои играат таму, многу добро знае дека му се допадна баклавата што му ја понуди водитеката Дениз Аксој.

Занесната Турчинка остана во неверување кога Пипен помина покрај неа додека разговараше со кошаркарот Чим Монеке и тренерот Димитрис Итудис, но токму нејзината реакција кога се појави Пипен го привлече вниманието на многумина.

Таа побара да го прегрне во сред програма, му нудеше баклава како и останатите гости, а имаше и коментари од оние кои се прашуваа дали Дениз флертува со Пипен.

Финалето на Евролигата се игра в недела од 20 часот, додека мечот за третото место ќе се игра претходно, од 17 часот.

Слични содржини