📽 Москва покриена со снег, во делови од Сибир температури пониски од минус 50 Целзиусови степени

од Stefanija Kuzmanovska

Температурите во делови од Сибир се спуштија до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните виулици ја затрупаа Москва со рекордни снежни врнежи.

Многу летови се одложени или доцнат.

Во Република Јакутија (Саха), која се наоѓа во североисточниот дел на Сибир и дом на Јакутск, еден од најстудените градови во светот, температурите паднаа под минус 50 степени Целзиусови, покажуваат метеоролошките станици во регионот.

Поради невообичаено рано заладување, температурите се дури и пониски од минус 50 степени Целзиусови во неколку области на Јакутија, огромен регион само малку помал од Индија.

Речиси цела Јакутија е во зоната на вечниот мраз. Во главниот град на регионот Јакутск, кој се наоѓа на околу 5.000 километри источно од Москва, температурата беше околу минус 44 степени до минус 48 степени Целзиусови.

Температурите од минус 50 Целзиусови степени станаа поретки во последниве години поради климатските промени, а вечниот мраз покажува сè поголеми знаци на одмрзнување.

Во руската престолнина, некои од најобилните снежни врнежи некогаш забележани предизвикаа одложувања на некои аеродроми во понеделникот, при што пистите беа покриени со густ снег.

Најмалку 54 летови се одложени, а уште пет се откажани на трите најголеми аеродроми во главниот град, јави новинската агенција РИА.
Се предвидува дека температурите во Москва ќе се спуштат до околу минус 18 Целзиусови степени кон крајот на оваа недела.

Слични содржини