📽 Новиот МНР на Велика Британија се сретна со Зеленски во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пристигна во својата прва работна посета на Украина, каде во Киев се сретна со претседателот Володимир Зеленски.

Камерон ја повтори посветеноста на Обединетото Кралство за Украина додека поминува низ војна.

Тој вети дека ќе ја продолжи британската „морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка“.

Зеленски му се заблагодари на Камерон за континуираната поддршка на Обединетото Кралство.

Украинскиот претседател му честиташе на Камерон за новото именување и му се заблагодари што дојде во Киев во првата работна посета на неговата нова позиција.

„Ова е многу важно, посебно сега, кога светот внимава не само на ситуацијата на бојното поле во Украина“, рече Зеленски, алудирајќи на Блискиот Исток.

Слични содржини