📽 Ново видео од Доналета Версаче покажува дека не останало ништо природно на нејзиното лице

од Stefanija Kuzmanovska

Донатела Версаче спаѓа во групата на најекстремни примери на пластична хирургија. Креативната директорка на модната куќа „Версаче“ одамна донесе одлука да промени се што може да се смени на своето лице и за жал, не се откажа од таквата одлука – затоа денес не е најрепрезентативен пример за оние кои сакаат да се одлучат за овој тип на интервенција.

Секогаш кога ќе се појави Донатела, нејзиното лице доаѓа до израз. Нејзините промени се меѓу најдрастичните трансформации на светските јавни личности.

На социјалните мрежи кружи видео од еден од последните концерти на кралицата на поп музиката Мадона, каде на сцената ѝ се придружила Донатела Версаче.

Иако многумина ја почитуваат нејзината работа, коментарите за нејзиниот изглед се секогаш поделени.

Слични содржини