📽 SpaceX лансираше вселенско летало на Месечината

од Stefanija Kuzmanovska

Intuitive Machines, приватна компанија со седиште во Хјустон, го лансираше своето прво лунарно летало на Месечината од Кејп Канаверал, Флорида, јавува Би-Би-Си.

За лансирање на вселенското летало наречено „Одисеј“ била користена ракета на SpaceX, Falcon 9, со надеж дека ќе слета во близина на Јужниот пол на Месечината на 22 февруари.

Ако се биде во ред, тоа ќе биде првпат приватна компанија успешно да слета вселенско летало на Месечината.

Да потсетиме, планираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано вчера на помалку од два часа пред полетувањето, објави изведувачот на лансирањето SpaceX.

 

Слични содржини