Први декември е Светскиот ден на СИДА. Светската здравствена организација, во својата мисија го фокусира вниманието на јавноста кон ХИВ / СИДА за да ја нагласи потребата за поддршка и разбирање за луѓето што живеат со ХИВ
Од 1996 година, Програмата на Обединетите нации за ХИВ / СИДА (УНАИДС) го слави овој ден. Оттогаш, Светскиот ден за борба против СИДА стана почетна точка на целогодишна кампања фокусирана на образованието и свеста.

На секои 17 секунди едно лице е заразено со ХИВ, а од почетокот на епидемијата, 35 милиони луѓе умреле од СИДА.
Околу 1.8 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот СИДА во 2016 година. Ова значи дека новите ХИВ инфекции се регистрираат во просек на секои 17 секунди, регистрирани се просечно 5000 нови инфекции дневно забележува црната статистика.