10 најдобри моменти од повторното собирање на „Пријателите“

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамнешната премиера на најочекуваната телевизиска серија ги воодушеви обожавателите на „Пријатели“ ширум светот.

Популарниот американски ситком, кој ги следи животите на младите њујорчани во нивните дваесетти и триесетти години, заврши во 2004 година по десет сезони.

Актерите често не се собираа во полн состав за да разговараат за серијата.

Во последниве години, на новинарите им беше кажано дека за време на интервјуата, филмските sвезди не поставуваат прашања во врска со серијата „Пријатели“.

Читања на сценарија, натпревари во погодување интересни факти за серијата, модни ревии, видео клипови од архивите и интервјуа со познати личности беа спакувани во час и 43 минути колку што трае собирот, а кое им беше достапно на претставниците на медиумите во средата.

Реакциите досега беа позитивни, иако многу критичари забележаа дека некои делови од специјалотсе подобри од другите.

Списанието „Ролинг Стоун“ го опишува како „преполн со премногу гости актери“, но тој исто така наведува дека сцената во која шест актери разменуваат шеги „удира на местото на слатките спомени“.

Еве кои се според нив десетте најдобри моменти од повторното собирање:

1. „Сè изгледа помало“

Серијата ја отвора Дејвид Швимер, кој доаѓа во студиото „Ворнер брос“ да го посети реконструираниот сет на серијата, односно два апартмани и кафулето „Централ Перк“.

Еден по друг му се придружуваат и другите и тоа е една од најемотивните сцени.

„Сè ми изгледа толку мало, целата сцена“, забележува Мет Лебланк (во серијата Џои).

„Но, тоа не е можно, бидејќи оттогаш не пораснавме многу“, одговара Џенифер Анистон (Рејчел).

По кратка и непријатна пауза, ЛеБланк, која е многу поголем, и одговара: „Зборувај во свое име“.

Не долго после тоа, тие почнуваат да се сеќаваат на настаните од порано.

ЛеБланк се сеќава на Кортни Кокс (Моника) како пишувала реплики на кујнската маса, покрај садот со овошје.

„Имаше некој долг говор“, вели тој, „и се бореше една недела да го запаметиш, а потоа го запиша на масата.

„Кога не беше внимателна, јас го избришав, па ми се налути“.

Актерката се смееше велејќи дека „многу нејзини зборови се кријат во тие јаболка“.

2. Актерите не паметат некои епизоди

Метју Пери (Чендлер) претходно изјави дека не се сеќава што се случило три години во „Пријатели“, но излезе дека тој не е единствениот.

Кога Анистон спомнува сцена од петтата сезона во епизодата „The One With The Ball“, во која актерите играат игра со часови, Швимер вели дека таа му избледела.

„Не се сеќавам на тоа“, вели тој искрено.

„Тоа се сезони што никогаш не сум ги гледал“, вели подоцна Лиса Кадроу (Фиби).

„Мојот сопруг Мајкл започна да гледа неколку епизоди од четвртата сезона, за кои мислев дека сум ги гледала“.

„Тој ужива во нив повеќе отколку јас, затоа што бев уморна од себеси“.

Пери, исто така, не се сеќава на некои сезони, а Швимер вели: „Не ги гледав 17 години, сè додека ќерка ми не започна да ги гледа минатата година, и јас некако се закачив“.

Останатите рекоа дека прилично паметат сè – Лебланк и Кокс велат дека ја гледале секоја епизода.

„Бев многу горд што бев во серијата, а некои сцени се одлични“, вели Лебланк, пред да се потсети на неговата омилена сцена со Рос во епизодата „The One With All The Resolutions.“.

„Сè уште се смеам поради она со кожните панталони“,

„Тоа се случи пред некој ден, бев во кујната со мојата ќерка Марина и додека вечеравме, и реков:„ Погледни го ова, смешно е, погледни го Дејвид “, додаде тој.

3. Делови од серијата што испаднаа од финалната верзија

Постојат многу сцени на YouTube кои не влегоа во финалните верзии на епизодите и се чини дека ги знаеме сите.

Сепак, излегува дека не сме ги виделе сите, бидејќи некои беа објавени за прв пат поради повторната средба.

Во сцената има една реченица што не можеме да ја повториме во овој текст, која ја изговараат Моника и Чендлер додека се во кревет.

А другото е кога Пери изведува смешен танц и не може да се сети на текстот, само за да ги натера ЛеБланк и Швимер да го повторат истото.

4. Потребата на Пери за смеа не беше здрава

Пери е веројатно најмалку присутен за време на собирот и многу фанови изразија загриженост за неговиот изглед и говор (се зборува за неговата борба со зависноста).

Тој трогателно зборуваше за тоа колку сето тоа влијаело врз него и колку му значела поддршката од публиката што беше на снимањето.

„Мислев дека ќе умрам ако не се смеат“,

„Секако не е здраво. Но, понекогаш кога ќе кажам реплика и тие не се смеат, ќе се испотев и ќе имав грчеви. Ако не ја добиев реакцијата што ја очекував од нив, ќе полудев. Така се чувствував секоја вечер“, рече актерот.

Подоцна се сети дека еднаш престанал да ја снима сцената откако Лебланк се сопнал на тепихот, на воодушевување на публиката.

„Помислив, некој се смееше, не можам да издржам, морам и јас да се смеам“, додаде Пери.

Желбата на актерот за потврда од публиката на крајот влијаело на неговата работа.

Кога неговата претстава „The End of Longing“ беше премиерно прикажана во Лондон во 2016 година, претрпе неколку промени во сценариото, а како одминуваше времето беа додадени некои нови шеги.

Публиката што ја гледаше претставата, беше изненадена од новите реплики.

5. Предупредување: Оваа сцена не е за оние со слабо срце

Третата сезона од серијата „The One Where No-One’s Ready“ е омилена кај гледачите и многумина ќе се сетат кога Чендлер и Џои се караат околу фотелјата.

Во еден момент од оваа епизода, и двајцата посегнуваат по неа, но Џои пристигнува прв откако се фрла преку мебелот.

„Ја снимивме сцената три пати и беше одлично“,

„Бог знае зошто решивме да ја снимаме и четвртиот“, се сеќава коавторот на серијата Марта Кауфман.

ЛеБланк продолжи: „Ја прескокнав масичката, некако се сопнав и нозете ми летнаа во височина, а рамото ми испадна“.

Уф!

Оваа приказна Лебланк ја раскажа порано за време на гостувањето кај Џими Кимел, но во новата епизода имавме можност да ја видиме таа сцена во која неговата рака се одделува од телото.

„Дојдоа болничарите, го однесоа во болница и тука заврши снимањето“, вели коавторот Дејвид Крејн.

Во следните епизоди, актерот играше со изместено рамо, а сценаристите додадоа дел на сценариото за тоа како се повредил – додека скокал по креветот.

6. Враќање на квизот за неважни работи

Швимер го врати квизот од четвртата сезона, во кој момчињата и девојчињата се натпреваруваат едни против други со цел да утврдат кој знае кого подобро.

Во новата рунда прашања, Швимер ги прашува жените-членови на тимот да го препознаат ликот од аудио-записот од претходно емитуваната епизода.

„Тоа е мојот мајмун“, вели мистериозен глас.

„Господин Хинкл?“, продолжува Кудроу. „Не, како се викаше?

„Тој е човекот што живее под нас“, вели Анистон, обидувајќи се да се сети,

„Господин Вриглс?

Веројатно го знаете точниот одговор – тоа е господин Хаклс (и тој навистина живее во станот подолу).

За среќа, тие беа подобри во следните прашања.

7. Не недостасуваат познати личности

Некои познати лица учествуваа во игри и активности.

Сега нема да ви откриеме за што станува збор, но се појавува специјален гостин кој разговара со Кадроу за песната „Smelly Cat“.

Останатите се појавуваат накратко и зборуваат за влијанието на „Пријателите“ врз нивниот живот.

„Мајка ми ми купи ДВД со сите сезони додека одев во основно училиште“, вели Р.М. од корејскиот бенд BTS.

„Серијата делумно се должи на фактот дека научив англиски“, вели тој.

Во меѓувреме, добитничката на Нобеловата награда Малала Јусафзаи откри дека нејзината слаба точка е „The One With The Routine“, комичарката Минди Колинг го сака „The One with All The Kissing“.

Актерот Кит Харингтон (Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“) се воодушевува од сцената од петтата сезона – кога Рос, Чендлер и Рејчел се обидуваат да го спуштат каучот по скалите.

„Морам да кажам дека најмногу ми се допаѓа Моника, бидејќи исто така сум и пурист“,

„Често патувам, секогаш сум во хотели и секогаш имам време за одмор, а кога ми недостигаат моите деца, семејството, ја пуштам серијата затоа што секогаш ме тера да се смеам“, вели фудбалерот Дејвид Бекам.

8. Лажниот Џои е скоро како вистинскиот

Авторите на серијата Кауфман и Крејн и режисерот Кевин Брајт исто така раскажаа многу приказни за настани што не можевме да ги видиме на телевизија.

Многумина знаат од порано, дека Кокс прва ја доби улогата на Рејчел на аудицијата.

Но, има новини во специјалот. Брајт се присети на аудицијата за улогата на Џои, кога не можеше да одлучи меѓу Лебланк и друг актер.

„Смешно е што овој актер сепак ја доби улогата на серијата, во епизодата „The One With Unagi“. Иронично, тој го играше лажниот Џои“, вели режисерот.

9. Пријатели на „Пријателите“

Корден прашува кој има најгласна и најпрепознатлива смеа и сите се свртуваат кон Кудроу.

Но, одеднаш слушате …

„О Боже! Не ми се верува дека не рече дека тоа сум јас!“, вели Меги Вилер, која ја игра Џенис и која излегува на сцената и им се придружува на останатите на славниот кауч.

Џејмс Мајкл Тајлер, кој го игра Гантер, е единствениот гостин кој се појави преку „Зум“.

„Тоа беше најнезаборавната деценија во мојот живот.

„Не можев да имам подобро искуство“, рече тој.

Има ли некој што не сакал да работи на серијата?

„Мајмунот“, одговараат истовремено Лебланк и Швимер.

„Сакам животни“,

„Но, беше неизбежно мајмунот да започне да се плетка за време на снимањето, па затоа моравме да ги повторуваме тие сцени одново и одново“, вели Швимер.

10. „Пријатели“: Можеби и филм?

Не е лесно да бидете во тек, да имате добро и духовито сценарио, ликови кои имаат добри односи и траат 10 години.

Но, „Пријателите“ успеаја, дури и без ајкулите да паѓаат од небото (алузија на филмската серија „Шаркнадо“).

Фановите на американскиот ситком честопати со половина срце велат дека секоја сцена од животот може да се поврзе со сцена од „Пријатели“.

Иако некои сцени од новите епизоди се „млаки“, на крајот ова е елегантно и пријатно специјално шоу што нема да ги разочара фановите.

Многумина кои ја сакаат серијата со години, сакаа да продолжат со sвездите кои ги повторуваат улогите во нови епизоди или на филм.

Но, можете да претпоставите како реагирале актерите кога Корден ги прашал дали размислуваат за тоа.

„Не, извини, но не сум“,

„Еднаш ги слушнав Марта (сценаристот) и Дејвид како зборуваат и мора да се согласам дека тие ја завршија серијата на убав начин. Тие повторно ќе треба да измешаат сè за да направат приказна. А јас не сакам ба некој да му се уништи среќниот крај.

„Исто така, на моја возраст да бидам чуден? Престанете. Ние мора да пораснеме“.

Амин за тоа.

Слични содржини