Познат датумот за новиот албум на Кање Вест?

од desk4

Кање Вест ги држи своите фанови во неизвестност откако одржаа уште еден концерт за неговиот нов албум, Донда.

Раперот излезе на сцената по втор пат во две недели на стадионот Мерцедес-Бенз во Атланта за да им овозможи на фановите да слушнат уште еден краток дел од неговиот нов албум.

Навидум Вест го тестира трпението на некои фанови и откако го пропушти првичниот датум на објавување на 24 јули, тој одлучи да живее во стадионот во Џорџиа за да го заврши својот долгоочекуван проект.

Настанот во четвртокот вечерта изгледаше потеатарски од претходниот, каде публиката беше изненадена со танчери, осветлување и интересна графика на голем екран.

Во еден момент стадионот се затемни, само за да биде осветлен Кање Вест, кој изгледаша како да лебди во воздух.

Фановите на стадионот беа почестени со ново рафинирани песни, со гласини дека Вест снимил нови стихови неколку часови пред настанот, како и некои нови соработки – вклучувајќи и од Кид Куди, The Weeknd и Лил Бејби.

Албумот Донда, кој го носи името на неговата покојна мајка, сега се очекува да биде достапен за слушање во петок, но останува да се види дали Вест повторно нема да го објави албумот на време.

На фановите им беа понудени и вакцини против КОВИД -19 на настанот – и покрај тоа што Вест е против вакцините.

Слични содржини