120 пратеници поднесоа барање за разрешување на претседателот на Бугарското собрание, потребен им е уште еден

од Nikola Popovski

Сто и дваесет пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, Движењето за правата и слободите (ДПС) и „Препород“ до собранискиот кабинет во Бугарија доставија предлог-одлука за предвремено ослободување на претседателот на Народното собрание Никола Минчев, стои на веб-страницата на институцијата, објавија бугарските медиуми.

Според Деловникот на Народното собрание (НА), предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, со што на лицето му се дава право да биде сослушан. Затоа гласањето мора да се одржи утре.

Четирите опозициски партии го имаат потребното мнозинство.

ГЕРБ, ДПС и Препород претходно денеска најавија дека ќе го поддржат барањето на ИТН за оставка на претседателот на Собранието, Никола Минчев.

За да биде донесена одлуката за разрешување на Минчев потребна е поддшката од 121 пратеник.

Слични содржини