Стоилковски: Снаата на Ислам Абази вработена кај Груби, сега во АЕК

од Radmila Tasevska

Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, јавниот обвинител за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство, обелодени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција.

-Ова е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК. Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али  Ахмети!За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево, рече Стоилковски.

Тој праша дали има се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија”, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК.

Тој потсети дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница.

Слични содржини