150.000.000 евра се во игра: Сити не се откажале од привлекување на Кејн ова лето

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити минатата недела го направи најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал, но сега сака повторно да го собори тој рекорд.

По пристигнувањето на Џек Грилиш на „Етихад“ за 117.000.000 евра, тимот предводен од Пеп Гвардиола може да се засили со Хари Кејн – и тоа за 150.000.000 евра!

Според секогаш добро информираниот Фабрицио Романо, вели дека Манчестер Сити се уште не се откажал од купување на Хари Кејн ова лето.

Напаѓачот и капитен на Тотенхем беше желба на Сити, но немаше некои значајни промени. Во еден момент, Кејн одби да тренира за да го напушти клубот, но и тој се откажа од таквата тактика. По неколкудневно затишје, се подготвува нова бура.

Според Романо, шампионите на Англија подготвуваат понуда вредна 150.000.000 евра во истиот преоден рок, откако веќе платија 117 милиони за Грилиш кога го донесоа од Астон Вила.

Останува да видиме дали ќе се промени ставот на Тотенхем да не го пушти Кејн или шефот Даниел Леви сепак ќе процени дека приоритет е да заработи на продажба на неговата најголема sвезда.

Тотенхем се уште нема добиено понуда за Кејн и сака да го задржи, но Манчестер Сити е подготвен! Доколку се случи овој трансфер, Сити ќе потроши 267.000.000 за едно лето, или повеќе од четвртина милијарда евра, за доведување двајца фудбалери.

За нив, финансиска криза не постои …

Слични содржини