18 години затвор за велешанецот кој ја усмрти 11-годишната Магдалена на пешачки премин

од Nikola Popovski

Велешкиот суд денеска му изрече казна затвор од 18 години на триесетгодишниот велешанец Ангелче Николов, кој возејќи пијан на 17 декември лани во 22:15 часот на пешачки премин ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова, која почина на местото на несреќата, а тешко ја повреди нејзината мајка, а потоа избега и два дена се криеше од полицијата.

Судијките посочија дека во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата. За судот немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа возачот сам се јави во позиција. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката.

Николов 5 години има забрана за управување со моторно возило, а времето поминато во затвор не се зема во предвид. Тој на првото рочиште призна вина за делото.

Процесот го водеше судијката Габриела Гајдова.

Слични содржини