8519227934_13f60a2ccd_b

 

 

Зградата „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк синоќа беше зелено осветлена по пово муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, јавија денеска американските медиуми.

Позната зграда во Њујорк беше зелено осветлена се до два часот по полноќ, по локално време, кога се гасат светлата на објектот.

„Емпајер стејт билдинг“ се осветлува во различни бои за време на различни верски празници, па така за Велигден беше осветлена со пастелни бои, за еврејскиот празник Ханука во сино и бело, а за Божиќ беше осветлена со црвено и зелено.

Вообичаено зградата е осветлена во бело./МИА

Слични содржини