30 евра ќе чини патниот лист за граѓаните со стар пасош кои треба да се вратат во Македонија

од Nikola Popovski

Од 13-ти февруари престануваат да важат патните исправи со старото уставно име. Граѓаните со стари пасоши воопшто да не се обидуваат да излезат од Македонија – апелираат од МВР. Личните карти ќе можат да се користат непречено на територијата на нашата држава. Возачките дозволи кои што се со старото име повеќе нема да важат, ни за внатрешна, ни за надворешна употреба, изјави министерот Панче Тошковски во интервју.

Проблемот може да се реши ако има политичка волја вели Тошковски. Потребна е измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот.

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, дека можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Патни листови, стои во објавите од Амбасадите ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

– Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.

Од македонската амбасада во Лондон на Фејсбук известија дека сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во МК Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку меил: [email protected] со назнака “Обнова на патна исправа”.

Слични содржини