5,5 милиони заразени и 2,3 милиони излечени од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Досега, 5.500.679 милиони луѓе се заразиле со новиот коронавирус во светот, додека излечени се 2.302.070, објави порталот Worldometers.
Од вкупниот број на пациенти, два проценти се во критична состојба, додека 346.721 лица починале.

Најмногу заразени има во Соединетите Држави, каде се пријавени скоро 1,7 милиони случаи, додека скоро 100.000 починале.

На второ место по бројот на пациенти е Бразил, а во однос на бројот на загинати е Велика Британија со 36.793 смртни случаи.

Црна Гора без пациенти

Од европските земји, најтешка е ситуацијата во Русија, Шпанија, Велика Британија, додека Италија, која долго време беше на второто место во светот по бројот на болни и мртви, падна на шестото место по број на потврдени случаи и на третото место по број на трагични исходи.

Во регионот, најголем број пациенти се регистрирани во Романија, додека Црна Гора е прва земја што нема ниту еден пациент.

Слични содржини