5 фенг-шуи совети за позитивна енергија дома

од Elena Daskalova

Фенг-шуи е источна традиција која често се применува во уредувањето и одржувањето на домот, со цел да се постигне баланс на позитивна енергија.

Прочитајте што сè, според фенг-шуи, може да ја блокира енергијата во вашиот дом:

Кујната и боите

Ако во една просторија доминира темна боја, според фенг-шуи, треба да внесете живост со детали и цвеќиња во живи или пастелни бои. Кога е кујната во прашање, треба да избегнувате елементи во црвена, портокалова и кафеава боја, бидејќи самите уреди зрачат премногу топлина. Најсигурен избор е белата или други неутрални бои.

Огледала на влез

Огледалата не треба да се поставуваат на влезовите во домот или во собите, особено не во спалната соба. Тие само ја рефлектираат енергијата и не ја пропуштаат да тече низ вашиот дом.

Што има на ѕидовите

Предметите кои ги имаме дома носат енергија која ја собираат уште од процесот на изработка, па сè до транспорт и конечно пристигнување кај вас. Ако чувствувате дека некој предмет ви влева негативна енергија, колку и да сте сентиментално поврзани, ослободете се од него или барем тргнете го од видливо место.

Скршени нешта

Сè што е скршено или уништено не треба да биде во просторот каде живеете. Тие предмети може да влијаат и вие да се чувствувате уништено. Ова важи дури и за исушените билки и растенија.

Неред во спалната соба

Можеби ви се чини дека под креветот можете да изнаставате предмети и да добиете уреден простор. Но, токму тој неред, според учењата на фенг-шуи, си поигрува со вашата енергија и прави да се чувствувате уморно и блокирано.

Слични содржини