5 намирници кои се пријатели на крвните садови

од Vladimir Zorba

Стресниот начин на живот, недостаток на физичка активност, употреба на тутун и алкохол, како и несоодветна исхрана, заедно со генетските предиспозиции, можат да иницираат многу болести, вклучувајќи атеросклероза, болест на периферните артерии, дијабетес, дебелина и висок крвен притисок.

Овие болести се само некои од причините за затнување на артериите.
Намалениот проток на крв може да предизвика симптоми како што се болка, грчеви во мускулите, вкочанетост, проблеми со варењето, чувство на студ во рацете или нозете …

Нутриционистите издвојуваат пет намирници кои имаат корисен ефект врз здравјето на нашиот крвоток и помагаат во чистење на крвните садови.

1. Лута пиперка

Лутата пиперка има пикантен вкус благодарение на капсаицинот. Ова соединение го забрзува протокот на крв со намалување на крвниот притисок и стимулирање на ослободување на азотен оксид и други вазодилататори – соединенија кои помагаат да се прошират крвните садови.

Истражувањата покажуваат дека употребата на лути пиперки во исхраната ја подобрува циркулацијата и општата состојба на крвните садови, како и ја намалува акумулацијата на наслаги во артериите.

2. Црвен кромид

Кромидот е одличен извор на антиоксиданси кои придонесуваат за здравјето на срцето. Црвениот кромид ја подобрува циркулацијата, помагајќи да се прошират крвните садови, додека се зголемува протокот на крв.

Исто така, овој зеленчук, кој е составен дел од повеќето јадења на нашите простори, има антивоспалителни својства, што значи дека може да го зголеми протокот на крв и здравјето на срцето со намалување на воспалението во артериите и вените.

3. Лук

Лукот е познат по своите корисни ефекти врз циркулацијата и здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека лукот, особено сулфурните соединенија што ги содржи, а кои вклучуваат алицин, го зајакнува протокот на крв и го намалува крвниот притисок со релаксирање на крвните садови.

Исхраната богата со лук е поврзана со подобра вазодилатација, показател за ефикасноста на протокот на крв.

4. Цимет

Овој зачин има многу здравствени придобивки, вклучително и зголемен проток на крв, како и ефект на затоплување. Циметот е вистински благодет за чистење на крвните садови.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека циметот може ефикасно да го намали крвниот притисок со релаксирање на крвните садови, подобрување на циркулацијата и одржување на здравјето на срцето.

5. Нар

Сочното овошје содржи високи дози полифенолни антиоксиданси и нитрати, кои се моќни вазодилататори.

Конзумирањето калинка во форма на исцеден сок или во природна форма може да го подобри протокот на крв и оксигенација на мускулното ткиво.

Слични содржини