5 здрави намирници кои можат да бидат штетни доколку се консумираат во големи количини

од Vladimir Zorba

Тоа што храната е здрава не мора да значи дека треба да ја јадете во неограничени количини и дека од неа не можете да добиете некој килограм вишок.

Поради ова верување, многумина паѓаат во замките на, да речеме, овошјето и зеленчукот, не сфаќајќи дека дури и овие намирници, ако се земаат неконтролирано, можат да бидат штетни.

Еве некои од овие намирници, а еве и зошто:

1. Банани

Конзумирањето премногу банани може да предизвика расипување на забите. Исто како и шеќерот, ова овошје може да произведе бактерии кои ги оштетуваат забите. Сепак, добрата вест е дека количината на шеќер во бананите е помалку концентрирана.

Ако јадете многу зрели банани, може да се соочите и со главоболка, бидејќи зрелите банани содржат многу тирамин, кој може да биде поттик за мигрена.

Две банани дневно се сметаат за здрава количина.

2. Сирење

Големите порции сирење го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Овој вид на храна е богат со заситени масти, кои се познати како причина за коронарна срцева болест.

Сирењето, исто така, често предизвикува киселина поради хормонот наречен холецистокинин, кој се ослободува за време на оброците.

3. Ориз

Иако е вкусен, всушност содржи многу малку витамини. Ако јадете премногу ориз, се лишувате од сите други витамини. Исто така, оризот го зголемува нивото на инсулин.

Нормата е обично околу 90 грама неварен ориз.

4. Брокула

Брокулата содржи тиоцијанати кои доведуваат до прекумерно производство на тироидни хормони. Како резултат на тоа, може да почувствувате опаѓање на косата, отечено лице и други последици.

Брокулата, исто така, може да предизвика затнат нос и да предизвика други алергии, како што се осип на кожата или чешање.

5. Боровинки

Боровинките можат да ја намалат гликозата во крвта под нормалата, што е опасно за дијабетичарите. Овие бобинки ја разредуваат крвта, па бидете внимателни.

Една чаша боровинки е препорачаната количина, пишува Brightside.

Слични содржини