50 куршуми се испукани кон Жила и Лаци, многу малку останале надвор од нивните тела, вели шефот на ОЈО Скопје

од Vladimir Zorba

Шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски во однос на двократното убиство што се случи на почетокот од неделава во угостителски објект во Старата скопска чаршија, синоќа за „360 степени“ изјави дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на ОЈО не може да премине во истрага се додека е непознат идентитетот на убијците. Засега за мотивите на убиството, рече не може ништо да каже, освен што, како што вели, се искристализирува дека се работи за позиции на нарко пазарот.

-Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување, рече тој и додаде дека откако е запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор.

Тој наведе дека околу 50-тина чаури се пронајдени околу телата на двајцата убиени, но колку завршиле во нивните тела треба да потврди извшетајот од судска медицина кој се уште не го добил.

-Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.

Убиството е извршеное во понеделникот, вечерта, кога неколкумина маскирани лица влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутирале Јетон Кривањева и Енес Исени.

Слични содржини