Тешка сообраќајна несреќа во Германија – 31 повреден и 17 исчезнати

од Vladimir Zorba

Триесет и едно лице се повредени, а 17 се видат за исчезнати откако автобус се запали по судир со камион, соопшти германската полиција.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила на југот на Германија.

Портпаролката на полицијата, Ана Хофер, соопшти дека не се знае каде се 17 патници.

– Можно е некои од патниците да успеале да излезат од автобусот кога се запалил. Не е јасно каде се – рече Хофер.
Германските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата има хеликоптери кои ги транспортираат повредените и дека автопатот А9 е затворен поради несреќата.

Судирот се случил во близина на Минхберг, во Баварска./МЕТА

Слични содржини