80-годишен скопјанец измамен за 9.100 денари

од Vladimir Zorba

Вчера во 12 часот во СВР Скопје, Љ.К.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил измамен од две лица за сума од 9.100 денари.

Според пријавеното, едното лице се претставило дека е македонски државјанин и му кажало дека другиот е странец е дека направиле сообраќајна незгода.

Според пријавеното, македонскиот државјанин му побарал пари за да ги провери парите на странецот дали се оригинални, а кои му ги давал за оштета.

Како што е пријавено, откако им ги дал парите лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини